Коментари

Груевски ги поддржа Италијанците, на сметка на македонскиот терен за фудбал

Експремиерот Никола Груевски со критики до актулената власт на СДСМ, по поплаките на италијанските фудбалери за теренот на кој ќе играат. Италијаците порачаа дека истиот е надвор од стандардите на кои се навикнати.

„Играњето на ваков терен може да биде опасно. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, но на овој терен станува уште потешко“, ја пренесе “Italian Football TV” изјавата на италијанскиот репрезентативец Чиро Имобил.

Потоа, им се придружи и Груевски.

“Тревата на стадионот не се способни да ја одржуваат. Ни се чудат Италијанците…

А народот реформи, ЕУ, подобар стандард и подобар живот чека… Тука каде сум само во последните 4-5 години какви ли не европски или светски првенства се организираа во фудбал, ракомет, ватерполо, пливање, пинг понг, атлетика итн. Што ли не изградија. Овие нашиве 10 декари земја се неспособни да одржуваат”, стои во дел од изјавата.

На почеток