Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека заедничката декларација на земјите-членки на групата Г20 „не е нешто со кое што би можеле да се гордееме“ и ги критикуваше дека во неа експлицитно не ја споменуваат Русија.
Портпаролот на МНР Олег Николенко објави исечеок од заедничката декларација.
Некои делови од текстот се пречкртани со црвено и коригирани, а овој текст ја одразува украинската позиција дека земјата е жртва на неиспровоцирана руска агресија.
„Целосно е јасно дека учеството на украинската страна на состанокот ќе им овозможи на учесниците на Г-20 подобро да ја разберат ситуацијата“, напиша тој на Фејсбук.
И покрај неговото разочарување од целокупниот текст, Николенко им се заблагодари на сојузниците на Украина кои го направија својот дел за да ја подобрат позицијата на Украина во декларацијата.
„Украина им е благодарна на сите партнери кои се обидоа да внесат похрабра формулација во текстот.
Во заедничката декларација на самитот во Њу Делхи се наведува: Во согласност со Повелбата на Обединетите нации, сите држави мора да се воздржат од закана или употреба на сила со цел окупација на територија, против територијалниот интегритет и суверенитет или политичка независност на која било држава.
Во текстот на декларацијата директно не се споменува нападот на Русија врз Украина и тековната војна.
makfax.com.mk