Свет

Распаднати бебиња пронајдени во подрум на куќа во Полска, татко и ќерка уапсени за инцест

Распаднати бебиња пронајдени во подрум на куќа во Полска, татко и ќерка уапсени за инцест

На татко и ќерка од Полска им се заканува доживотен затвор за убиство и инцест откога телата на нивните три новороденчиња беа пронајдени како гнијат во подрумот од нивниот дом.

dobivaj vesti na viber

Пјотр Гиерасик (54) и Паулина Гиерасик (20) се уапсени кога останките на бебињата биле откриени во плитки гробници и завиткани во пластични кеси на имот во селото Черники во северна Полска, пишува „Дејли мејл“. Првите две бебиња беа пронајдени во петокот, но дополнителните истраги открија трето тело во напредна фаза на распаѓање во саботата.

Мариуш Душињски од Окружното обвинителство во Гдањск изјави: „Жената е обвинета за две точки од обвинението за убиство и обвинение за инцестуозна врска со својот татко. Мажот е обвинет за три точки за убиство, инцест со војата 20-годишна ќерка и обвинение за родосквернавење со друга ќерка“.

Според обвинителите, двете убиени деца потекнуваат од неговата врска со 20-годишна жена за која велат дека била во консензуална врска со таткото. Третото дете било од врската што ја имал со друга ќерка откако ја принудил на секс. Обвинителите додадоа дека го сомничат за убиство на третото бебе.

Обвинителите сега чекаат обдукција за да се утврди како починале бебињата. Во меѓувреме, полицијата продолжува да го пребарува имотот за да види дали има уште тела скриени во куќата.

На почеток