Македонија

Крвави дамки, револт, скандирање „убијци“: Истрага за Филипче и Васев, одговорност!

Под мотото „Правда за жртвите“, со запалени и измачкани фотографии со црвена боја, се одржа третиот протест по скандалот со Онкологија. Граѓаните се сообраа пред Влада, каде скандираа „убијци“.

„Нема да има социјална правда додека не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има! Нашите барања и ултиматум од овој протест, се истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев“, гласи пораката упатена од протестот.

На протест се обрати и мајка која кажа: „Што ќе правам ако си го изгубам детето“.

Протестот се случува откако „Фокус“ објави серијал текстови, во кои меѓудругото и тврдења дека на дел од пациентите им биле давани физиолошки раствори, додека скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар. Организаторите истакнаа дека протестираат и поради признанието на доктор на Клиника за онкологија дека косовски државјани се лекувале како македонски државјани. Бараат одговор од министерот Оливер Спасовски по кој основ се делеле македонски државјанства на жители од Косово.

Предметот е во рацете на Обвинителството.

На почеток