(Видео) Седат и по земја – вака се чека ред за терапија на „Онкологија“


Гужвите на Онкологија во деновите кога се прима терапија се целодневни. Докторите и сестрите не можат да постигнат да ги услужат сите навремено, поради недоволна вработеност. Истовремено, нема доволно столчиња во чекалните, па пациентите седат по скалите и подот.
Читатлка на „Скопје1“ која истовремено е медицинар анонимно за „Скопје1“ вели: „Пациенти за да примат ‘хемотерапија’ седат на земја. Верувајте се срамам што сум. доктор во оваа држава, со вакво менаџирање на здравството“.
Претходно, екипата на „Претрес со Ландов“ беше на Онкологија од каде Ви донесовме два дела од репортажата „Крик за живот“.
Во вториот дел, зборувавме со вработените, од кои дел не си ја гледаат иднината таму, а други, разочарани се од системот. Пациентите пак, отворено зборуваа за недостатокот на терапија и жестоко реагираа на редиците низ ходниците.
