Македонија

Додека глуми дека е загрижена за граѓаните, Владата тајно одлучила да формира 3 нови друштва за коцкање преку интернет

Тајно и на мала врата Владата уште пред три месеци донела одлука да овозможи почнување постапка за основање три нови друштва за приредување интернет игри на среќа, кои ќе бидат под нејзина капа, односно под капата на Државната лотарија на Република Северна Македонија, пишува „Плусинфо“.

Одлуката, случајно или не, е донесена под назив кој не навестува дека содржи информација која е од круцијално значење за индустријата на игри на среќа. Под наслов „Одлука за одобрување на работењето на Управниот одбор на акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна Лотарија на Република Северна Македонија“ објавен во Службен весник на РСМ, бр. 124 од 14.6.2023 година, Владата, всушност, овозможила отпочнување постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа.

На следниов линк може да се види целиот Јавен повик на Државната лотарија на Македонија:

Јавен повик-Државна Лотарија на Македонија

На почеток