Македонија

Со пенкало си го преправил датумот на важност на патна исправа: приведен маж од Турција на граничниот премин Стар Дојран

Со пенкало си го преправил датумот на важност на патна исправа: приведен маж од Турција на граничниот премин Стар Дојран

Синоќа во 03.50 часот на Граничниот премин Стар Дојран, полициски службеници го лишиле од слобода Е.И.(56) од Република Турција.

dobivaj vesti na viber

При пасошка контрола било констатирано дека датумот на важност на неговата патна исправа бил преправан со пенкало.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Макфакс

На почеток