Коментари

Ковачевски и Али Амети, за да се спасат и самите, принудени се помош да бараат дури и од Никола Груевски, коментира Хајредини

Ексминистерот за финансии, Џевдет Хајредини, кој е и политички аналитичар, посочува дека „откако државата со криминал и корупција ја доведоа во катастрофална состојба, Ковачевски и Али Амети, по сè изгледа, за да се спасат и самите, принудени се помош да бараат дури и од Никола Груевски“.

„ЕУ уште не е подготвена да ги пречека новите членки, ниту институционално, ниту политички, се констатира во документот на Работната група на ЕУ. Ако Ковачевски и Груби и натаму, како досега, и отворено не ги почитуваат предлозите и забелешките на претставниците на ЕУ и САД, во интерес на граѓаните и државата е самите да се повлечат од функциите“, додава Хајредини.

Според него: „Евроамбасадорот Гир очекува од нас да го жалиме, само затоа што тој е загрижен за состојбите со криминалот, корупцијата и владеењето на правото во земјата. За граѓаните чудно е тоа што амбасадорот не е загрижен, зашто Владата не ја почитува неговата и загриженоста на ЕК, кога го злоупотребува европското знаменце за донесување на закони за амнестирање на криминалци и склучување коруптивни договори со приватни компании“.

На почеток