Македонија

Амнестија по скратена постапка: Лога ќе им дели огледала на пратениците и албум со слики од Идризово

Законот за амнестија нема да добие европско знаменце, но ќе се носи по скратена постапка. Тоа значи дека брзо ќе биде и применет. Министерот за правда, Кренар Лога, пак, се правда дека дд затвор нема да излегуваат академци, но нема да биде амнестиран ниту еден избран и именуван функционер. Законот е во Собрание.

Лога кажа дека на пратениците ќе им даде албум со слики од посетата на „Идризово“ и огледало за сите пратеници.

Министерот вели дека тој нема одговорност за состојбите во затворите и најави дека за околу 4 до пет години ќе биде изграден нов затвор во Идризово.

Закон за амнестија: Двајца осуденици за „Монструм“ и Сеад Кочан на слобода

На почеток