Македонија

Ципрас на гости кај Заев во Струмица

Ципрас на гости кај Заев во Струмица

Поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас, денеска ќе престојува во Струмица во приватна посета на експремиерот Зоран Заев, кој се очекува да го пречека во неговиот дом, јавуваат грчките медиуми.

Од тука потсетуваат дека на Конгресот на СИРИЗА во април 2022 година, главен гостин беше Заев.

Тогаш експремиерот го покани Ципрас да го посети неговото родно место за да му возврати на гостопримството.

Неодамна, Заев во интервју за грчката телевизија One chanel рече: „Знаете дека Алексис е мој брат. И ќе бидеме браќа до крајот на животот бидејќи заедно имавме доволно храброст да ги пресечеме овие бариери меѓу нашите земји и да изградиме братска соработка меѓу Грција и Северна Македонија“.

На почеток