Полициски службеници од СВР Битола, Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, го лишиле од слобода 32-годишниот Д. П. од Прилеп, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом на булеварот Гоце Делчев во Прилеп, извршен по претходно добиена судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти МВР.
Д. П. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.