Македонија

Тешко повреден велосипедист на автопатот Скопје – Тетово

Тешко повреден велосипедист на автопатот Скопје – Тетово

Вчера, во 13 часот, било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, пред клучката Кондово, патничко возило „шевролет“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Џ. (33) од с. Буковиќ, Скопско, удрило во велосипед управуван од С. В. (40) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Телесни повреди добиле Н. Џ., нејзината сопатничка А. Џ. (28) и уште тројца малолетници од возилото, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

На почеток