Македонија

Приведени тројца разбојници од Скопје, по нив била распишана и потерница

Приведени тројца разбојници од Скопје, по нив била распишана и потерница

На 1.10.2023, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит-пазар ги лишија од слобода А. Т. (20), С. Ѓ. (20) и А. С. (19), сите од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Имено, по добиена пријава дека на 12.8.2023, во 1.10 часот, на подрачјето на Центар, со употреба на сила се обиделе да одземат предмети од Ѓ. С. од Скопје, биле преземени мерки и активности од полициските службеници и за осомничените сторители на кривичното дело била распишана потерница.

Во координација со јавен обвинител, лицата се задржани во Полициската станица Бит-пазар и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело обид за разбојништво, казниво по чл. 237 во врска со чл. 19 од Кривичниот законик.

На почеток