Македонија

Тренчевска се „сопна“: Луѓето кои протестираат не се кучиња кои лаат додека минува карванот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, но и сите министри кои одбиваат да разговараат со граѓаните треба да ја заврши политичката кариера засекогаш, смета професорката по право, Мирјана Најчевска. Таа го искоментира ставот на Тренчевска која рече дека нема да разговара со пензиоерите за линеарно покачување на пензиите.

„Протестот е право се додека има суштинска улога во процесот на одлучување. Луѓето кои протестираат не се кучиња кои лаат додека минува карванот туку незадоволни граѓани од решенијата на власта чиј глас треба да се слушне. Министерката која одбива да разговара со граѓаните треба веднаш да биде разрешена од функцијата и да ја заврши политичката кариера за секогаш. Од линеарното зголемување имаат корист 95% од пензионерите.

Бидејки во време на ВМРО не се вршело законски предвиденото усогласување на пензиите сега треба да се направи усогласување наназад (како што си направија функционерите за своите плати) и на пензионерите да им бидат исплатени сите средства украдени од нив. Како тоа зголемувањето на пензиите ќе го дестабилизира системот, а зголемувањето на функционерските плати нема?“, напиша Најчевска.

На почеток