Македонија

(Видео) Во околината на Велес: Патници кршеле прозори за да излезат од автобус во кој се појавил чад

Патници кои се враќале од Грција со автобус на туристичка агенција, кршеле стакла за да излезат од автобусот откако возилото почнало да чади. Ова го пренесуваат повеќе македонски медиуми, кои јавуваат дека несреќата се случила во околината на Велес.

Според информациите на ТВ21, кои пренесуваат сведоштво, возачот на автобусот прв алармирал да се кршат прозори и да се излезе, а вратите бил затворени.

„Скопје1“ побара информации од МВР, од каде очекуваме одговор.

На почеток