Русија повторно отвора истрага за студентите кои пред 60 години загинаа на Урал. Несреќата се случила во 1959 година кога група од десет студенти, осум момчиња и две девојки, тргнале на кампување на Урал, Русија.
Тие за 16 дена требало да поминат 300 километри.
Еден од нив се разболел и се вратил дома. Останатите продолжиле, а целта им била да се искачат на Отортен, еден од најопасните врвови на Урал. Експедицијата ја предводел Игор Дјатлов.
По една недела од експедицијата, никој од останатите девет членови не се јавил на семејствата и тогаш почнала потрагата. По исчезнатите трагале припадници на полицијата и војската. По шест дена, петмина планинари биле пронајдени во шума, а по останатите четворица се трагало уште два месеца. Нивните повреди биле стравични. Некои од нив ги изгубиле очите, устите и голем дел од лицата.