Свет

Смртни закани за новинари од Н1 Телевизија од Србија

Вработени во Српската Н1 Телевизија добиле писмо со смртни закани кон нив и нивните семејства поради тоа што, како што наведуа телевизијата, известуваат за протестите во Србија. Писмото исто така содржело закана дека зградата на телевизијата ќе биде крената во воздух.

 

Н1 соопшти дека заканите се пријавени во полиција.

Испраќачот се потпишал како Белградски ветерани од војните во 1999 година, а во писмото, покрај заканите, имало и членска карта од Сојузот на воени ветерани на Србија.

Претседателот на здружението Жељко Вукелиќ за Н1 изјави дека тие не стојат зад испратените пораки и дека сакаат полицијата да го истражи целиот случај.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток