Свет

Цената на нафтата руши рекорди

Цените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари го достигнаа највисокото ниво во последните два месеца.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 66 центи во однос на претходното затворање на тргувањето во петокот, на 63,41 долар, а во текот на претпладневното тргување ја достигна и највисоката цена од 7-ми декември од 63,63 долари.

На американскиот пазар, пак, со барелот околу пладне по средноевропско време се тргуваше по 33 центи повисока цена, од 55,59 долари, а во текот на претпладнетно барелот достигна и највисоко ниво од почетокот на 2019 година од 55,79 долари.

„Воведени се санкции на Венецуела, покрај веќе намалените понуди од Саудиска Арабија. На пазарите на сирова нафта повеќе нема никакви траги од презаситеност“, вели за Reuters Оливие Жакоб од „Petromatrix“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток