Македонија

Нови поскапувања и високи цени од утре – три вида на производи се на удар

Витамините, цигарите, антидепресивите од петок со повисока цена. За 5 денари по кутија поскапуваат сите цигари, чија акциза се зголемува согласно законските измени. Поскaпо ќе се продаваат и пурите и цигараите, како и електронските цигари.

Само со заголемување на акцизата Владата планира во буџетот да собере 13 милиони евра. За пушачите ќе има нов удар по Нова година кога акцизата дополнително ќе се зголеми за 0,23 денари по парче, или нови 5 денари. Согласно законот, секој 1 јануари во наредните 6 години, односно до 2030 акцизата ќе зголемува.

Од утре нови, повисоки цени се очекуваат и кај суплементите меѓу кои и кај витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца.

На почеток