Во периодот од 5.50 до 13.30 часот, на подрачјето на Битола, криминалистичката полиција на СВР Битола изврши 11 претреси на домови и други простории поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл. 396 од КЗ, при што пронајдени и одземени се марихуана, дигитална вага, дробилка, прашеста материја, предмети со траги од прашеста материја, два пиштола, пет куршуми и над 20.000 евра.
Притоа од слобода лишени се Б. П. (40), И. Ј. (42), В. М. (23), Н. К. (43), Г. Б. (35), Б. И. (31), К. Т. (47), Х. Г. (28), Р. М. (20), И. К. (22), В. К. (31)сите од Битола.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.