Свет

Се урна зграда во Истанбул – двајца загинати

Осумкатница се урна во Истанбул во средата при што загинаа најмалку две лица, пренесува „Вашингтон пост“ цитирајќи ги турските власти.

Спасувачките екипи извлекле шестмина други од урнатините и работат на ослободување на повеќемина кои се заробени под урнатините.

„Зградата, во која живееле 43 лица во 14 стана, има приземје на ниво на улиците и седум ката,“ вели истанбулскиот гувернер Али Јерликаја, додавајќи дека последните три ката биле изградени нелегално.

Се уште не се знае колку луѓе се заробени под урнатините, но поранешниот премиер Бинали Јилдирим изјави дека спасувачите оствариле контакт со уште четири лица, кои се уште се наоѓаат под урнатините. Јилдирим рече дека и соседните згради биле евакуирани во случај да се оштетени.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток