Вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода П. М. (24) и Н. И. (24), двајцата од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело разбојништво на 24.10.2023, околу 23 часот, кога во Кавадарци физички го нападнале Ф. Н. (23) и му одзеле мобилен телефон.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.