Македонија

Шаќири се правда за доцнењето на учебниците: Имавме проблеми од графичко-техничка природа и корекции од самите автори

Шаќири се правда за доцнењето на учебниците: Имавме проблеми од графичко-техничка природа и корекции од самите автори

Учебниците во сите училишта во Скопје се доставени. Ова го истакна министерот за образование, Јетон Шеќири, прецизирајќи дека во училиштата стигнати се и учебниците за шесто одделение.

Шаќири рече дека и покрај првичните најави дека учебниците ќе бидат доставени до крајот на септември и почетокот на октомври, рокот бил пролонгиран поради технички проблеми. Во таа насока, министерот појасни дека се појавиле одрдени ситуации кога требало материјалите да се досредат од аспект на графичка и техничка природа, но имало и случај кога при крајот на доставата, авторите на учебник побарале корекција. Шаќири не кажа за кој учебник станува збор.

Сепак, заклучи министерот, кога стигннуваат навремено програмите, се стигнува и со учебниците, а годинава вели се разликува од претходната во однос на доставата. Во таа насока тој бара најдоцна до крајот на ноември да бидат доставени наставните програми за седмо одделение за да може навремено да бидат изработени и испечатени учебниците за наредната учебна година.

Прашан за учебникот по историја за петто одделение кој беше повлечен, Шакири објасни дека бил формиран авторски тим, а од универзитетите бараат да назначат претседател на рецензентите. Потоа, ќе бидат готови и доставени.

На почеток