Македонија

(Видео) Филмска бркотница на полицијата во Велес: драмата заврши со повредено дете

Филмска бркотница имаше вчеравечер во Велес. Комбе полно со мигранти пропаднало во канал на улица, а превезувачите почнале да бегаат. Драмата се случувала доцна синоќа помеѓу велешкиот суд и хотел „Интернационал“.

Возилото, бегајќи од од полицијата, тргнало во спротивен правец. Возачот и совозачот се фатени и приведени а во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко кои биле во комбето.

На почеток