Спорт

(Фото) Нови скандалозни пароли на натпреварот Вардар-Шкупи

Навивачите на екипита која од националистички побуди го промени своето име од Слога Југомагнат во албанскиот топоним за Скопје – „Шкупи“, повторно со националистички испад.

Овој пат со парола на дерби натпреварот против екипата на Вардар, порачаа дека ќе го исполнат аманетот, Скопје да биде срцето на Албанија.

„Аманетите ни се оставени, аманетот ќе го чуваме, срцето на Албанија, Скопје градот на историјата“, стои на паролата.

На натпреварот имаше и други пароли, кои од спротивниот табор беа карактеризирани како навредливи и скандалозни.

На почеток