Магазин

Принцот Хари одбил да дојде на роденденот кај татко му

Принцот Хари одбил да дојде на роденденот кај татко му

Британскиот крал Чарлс на 14 ноември ќе го прослави својот 75. роденден.

dobivaj vesti na viber

Според „Дејли мејл“, тој планира да организира забава за своите најблиски пријатели и семејството во резиденцијата Кларенс Хаус.

Иако беше објавено дека кралот не планирал да ги покани синот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, тие, всушност, биле поканети.

„Постои чувство на заладување во семејството по афтершоковите од книгата и интервјуто на Хари. Но, тоа не ја менува љубовта на кралот кон неговиот син. Секогаш ќе го кани на семејните собири бидејќи е таков“, рекол извор близок до кралското семејство.

Според споменатиот медиум, факт е дека Хари ја одбил поканата и не сака да дојде на забавата на својот татко.

И додека овој извор вели дека Хари „нема да патува во Калифорнија за да присуствува на роденденот на неговиот татко“, друг извор тврди дека засега семејството „цврсто му ја затворило вратата поради документарниот филм и книгата што ја напишал“.

Заладувањето на односите меѓу принцот Хари и неговото семејство настана кога тој пред три години реши да се пресели во САД со сопругата Меган Маркл и синот Арчи. После тоа, тој и Меган и дадоа интервју на Опра Винфри, во кое не штедеа зборови за кралското семејство, потоа снимија документарен филм, а последната капка беа мемоарите на Хари „Резерва“.

На почеток