Свет

Блинкен ги претстави клучните елементи на идниот мир во Газа

Блинкен ги претстави клучните елементи на идниот мир во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вели дека клучните елементи на идниот мир не вклучуваат „присилно раселување на Палестинците од Газа“.

dobivaj vesti na viber

„Не сега, не по војната“, истакна тој.

Блинекн наведе и други услови: нема употреба на Газа како платформа за тероризам или насилни напади, нема повторна окупација на Газа по завршувањето на конфликтот, нема обид за блокада или опсада Газа, нема намалување на територијата на Газа и мора да се обезбеди дека „никаква терористичка закана нема да доаѓа од Западниот Брег“.

Тој, исто така, зборуваше за дополнителни чекори за постигнување „одржлив мир“, вклучително и ставање на „палестинските гласови и аспирации во центарот на посткризното владеење во Газа“.

Блинкен вели дека плановите мора да вклучуваат обединување на Газа со Западниот Брег под палестинската управа.

На почеток