Свет

Грција проверува дали објектите се отпорни на земјотреси, досега утврдено дека 5.000 државни згради не ги исполнуваат стандардите

Грција проверува дали објектите се отпорни на земјотреси, досега утврдено дека 5.000 државни згради не ги исполнуваат стандардите

Во Грција почна задолжителна проверка на конструкциите на државните згради за отпорност на земјотреси. Над 5.000 од овие објекти не ги исполнуваат стандардите, утврдила досегашната инспекција.

dobivaj vesti na viber

Во Грција мора да ги проверат сите објекти во јавна сопственост за сеизмичка отпорност. Регулативата беше воведена по силниот земјотрес во Турција. Премиерот Мицотакис се обврза да провери 35.000 државни згради.

Професорот по сеизмологија Лекас за медиумите изјави дека досега комисија од специјалисти утврдила дека најмалку 5 илјади згради во земјата имаат пропусти во градбата.

Надлежните посветуваат посебно внимание на училиштата и болниците, бидејќи повеќе од половина од овие згради се изградени пред 1985 година, а повеќето од нив никогаш не биле подложени на сеизмички мониторинг.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита рече дека и приватните домови ќе бидат предмет на задолжителна контрола по владините згради.

На почеток