Лионел Меси би можел да се врати на „Камп Ноу“, не во редовите на Барселона, туку да одигра проштален натпревар на стадионот кој две децении му беше дом.
Во 2021 година, како слободен играч, Лионел Меси мораше да го напушти клубот поради лошата економска ситуација. Како слободен играч се пресели во ПСЖ.
Се шпекулираше дека Аргентинецот ќе се врати во Барселона по завршувањето на договорот во Париз, но тоа не се случи.
По завршувањето на соработката со ПСЖ, Меси реши да ја напушти Европа. Тој потпиша за Интер Мајами и е првиот играч кој ја освоил Златната топка додека играл за клуб надвор од Европа.
„Камп Ноу“ моментално се реновира, а на него би можел да се врати Лео Меси. И тоа на неговото отворање.
Како дел од 125-годишнината на Барселона, планиран е натпревар со аргентинската фудбалска репрезентација на отворањето на новата верзија на култниот стадион.
Планот е Лионел Меси да одигра 45 минути во дресот на Барселона и на тој начин да се прости од клубот, а потоа да одигра 45 минути и во дресот на Аргентина.
Макфакс