Ќе има казни за транспарентите на дербито Вардар-Шкупи, МВР со став
Навредливите пароли на натпреварот Вардар-Шкупи кои предизвикаа и меѓуетнички тензии на социјалните мрежи – нема да останат неказнети. Ова е ставот ан Министерството за внатрешни работи од каде се најавуваат и поднесоци до надлежните институции за транспарентите кои се вееја на трибините. Оттаму за „Скопје1“ велат дека се работи на случајот.
„Ве известуваме дека од страна на СВР Скопје за време на спортскиот натпревар констатирани се прекршоци од Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и по дополнителни мерки и активности ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежни институции“, велат од МВР за „Скопје1“.
За овој случај, во јавноста имаше низа критики и барање за одговорност.