Фудбалерите на Аталанта на две кола до крајот на фазата по групи изборија место во нокаут-фазата, во Лига Европа. По вечерашните натпревари блиску до 1/16 финалето се Фрајбург и Вест Хем.
Група А
Фрајбург – ТСЦ 5:0
Вест Хем – Олимпијакос 1:0
„Чеканите“ од Лондон остварија многу важна победа и практично се на чекор од пласман во следната рунда. Вечерва Вест Хем го победи Олимпијакос со голот на Пакета во 72. минута.
Фрајбург испорача „петарда“ во мрежата на српскиот претставник ТСЦ од Бачка Топола. Германскиот тим имаше гол предност по првото полувреме, но во второто до врв ја наполни мрежата на ТСЦ, Интересно петте гола ги постигнаа пет различни фудбалери.
Група Б
АЕК – Марсеј 0:2
Ајакс – Брајтон 0:2
Шок за АЕК во Атина, шампионот на Грција не можеше против Марсеј, гостите ги однесоа бодовите и сега се на прагот од пласман во следната фаза.
Мбемба ги доведе гостите во водство во 25. минута, а Сар погоди во последните моменти од играта за конечни 0:2.
Група Ц
Бетис – Арис Лимасол 4:1
Ренџерс – Спарта 2:1
Бетис лесно го совлада Арис. Поведе преку Иглесијас во 34. минута. Гостите постигнаа гол на стартот од вториот дел, но истиот беше поништен поради офсајд, па домашните преку Руибал го постигнаа вториот гол. Фекир промаши пенал во 76. минута, но сето тоа го поправи Рока во 79. минута од играта.
Кокорин намали на 3:1, но во четвртата минута од судиското надополнување се беше решено бидејќи Езалзули погоди за конечниот резултат.
На „Ајброкс“ Ренџерс реши многу проблеми во првите 20 минути, Данило во 12. минута ги донесе домашните во водство, а Кантвел осум минути подоцна зголеми на 2:0.
Гостите беа солидни до крајот, успеаја да го намалат резултатот во 77. минута преку Хараслин, но немаа сили за нешто повеќе.
Група Д
Аталанта – Штурм 1:0
Спортинг – Раков 2:1
Аталанта е во нокаут-фазата откако го совлада Штурм во директен дуел за пласман понатаму. Прашање е само дали Аталанта ќе го освои првото или второто место во групата.
Тие го совладаа австрискиот клуб со 1:0, единствен стрелец на овој меч беше Џимшити во 50. минута.
Во вториот меч работата на Спортинг му беше олеснета бидејќи играше со играч повеќе од 12 минути кога Раковитан „поцрвене“. Двата гола од пенал ги постигна Гонсалвеш. Гостите со голот на Рундиќ само го ублажија поразот.
Макфакс