Македонија

Ќе се изнаслушаме во следните месеци кој се е главен, рече Ковачевски по изјавата на Груби дека Македонија ја води премиер Албанец

Напроти ставот на вицепремиерот Артан Груби кој кажа „Македонија ја води премиер Албанец“, формалниот премиер Димитар Ковачевски врати дека со државата раководи „премиер Македонец“. Потегот на Груби го нарече предизборен, а очекува ваквата реторика да продолжи.

„Во моментов ја води Македонија, премиер Македонец. Веќе влегуваме во период на предизборие, искусни новинари сте, сите ние сме возрасни. Во народниот период од 7-8 месеци ќе се изнаслушавме кој се е главен. Клучно е дека може да функционираме Македонец, Влав, Албанец, за да склопиме буџет и да го однесеме на Влада“, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека ќе се договара тајмингот за избори, но не кажа кога.

„Во однос на моделот на избори, како и тајмингот, ќе биде одлучено на средба со сите политички партии. Има различни гледишта, но има и доволно време за Македонија да го продолжи својот пат кон градење на демократско општество. СДСМ ќе излезе со својот став, формализиран со сите“, додаде тој.

„Со Македонија владеат Албанците“. Ова синоќа го порача првиот вицепремиер Артан Груби на промоцијата на декретаријатот на огранокот на ДУИ во Чаир каде беше дури и најавен како „премиер“.

Претседателот на огранокот Беким Незири се обрати со „поздрав за премиерот Артан Груби“ на настанот, а вицепремиерот Груби, пак, зборуваше за тоа дека моќта на Албанците е голема и дека сите се плашеле од Албанците што владеат со државата.

На почеток