Османи кажа кога Македонија ќе има премиер Албанец
Од
Објавено на
Министерот за надворешни работи, и потпретседател на ДУИ Бујар Османи изјави дека доколку парламентарните избори се одржат заедно со претседателските, тогаш рокот за договорот за првиот премиер Албанец треба да почне од почетокот на јануари.
„Договорот е постигнат пред формирањето на Владата, дека во последните 100 дена премиерот ќе биде предложен од ДУИ и очекуваме тоа да се случи. Ако се изборите заедно, тоа значи дека 100-те дена ќе почнат некаде јануари“, нагласи Османи.