Скопје

Почина ЗОО-негователот Ристе, кој се грижеше за жирафите во скопската Зоолошка градина

Почина скопскиот ЗОО-неговател, Ристе Трајковски. Тој 12 години се грижеше за жирафите во скопската Зоолошка градина, нивната удобност, апетитот, расположението, хигиената, за амбиентот во нивното живеалиште. Ексдиректорот на Зоолошката, Ѓорги Галетановски јавно се прости од него.

„Ах бе Ристе прерано, голема трагедија. ЗОО-Скопје изгуби прекрасен работник. Почивај во мир колега“, напиша Галетановски.

Трајковски, се грижеше за жирафите во Зоолошката градина од моментот на нивното пристигнување. Од нив, две починаа, остана само Флопи.

На почеток