Македонија

Борел потсети на уставните измени: Ако сакате во Европска Унија, завршете го процесот со уставните измени

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, од Владата во Македонија потсети дека мора да се завршат уставните измени и вметнувањето на Бугарите, за да се продолжи кон членството во Европската Унија. Тој оддаде почит до премиерот Димитар Ковачевски за заложбите, па напомена дека Македонија ја има неговата поддршка за членство.

„Можеби не се согласувате со многу работи за тоа што е демократија, но не треба да има политичка поделеност за прашањата за Европската Унија. Ако сакате да одите по тој пат, треба да го завршите процесот со уставните измени и да напредувате во клучните реформи. Тоа нема да донесе корист за една партија, туку за целиот народ и земја“, кажа Борел.

Тој додаде дека Македонија припаѓа во Европската Унија, па рече да се продолжи со работа за да се добие членството во ЕУ.

„Ја уважувам позицијата на Северна Македонија, вашето непогрешливо усогласување со законите на ЕУ, продолживте по европскиот пат. Особено вие премиере, вашиот ангажман, вашиот силен ангажман за да ја внесете Македонија во Европа, особено го цениме“, рече Борел.

На почеток