Ковачевски прашува што барал поранешниот лидер на ЛДП, амбасадорот Милевски на средби со Палчо
Премиерот Ковачевски во интервју за 360 степени на МТВ, одговарајќи на новинарско прашање за негов став за грозоморното убиство на 14 годишната Вања, постави контра прашање, зошто обвинетиот Љупчо Палевски Палчо се гледал со повеќе познати личности и новинари: “Зошто Палевски се гледал со поранешниот претседател на ЛДП”?, праша Ковачевски. Затекнат од одговорот новинарот потпраша дали се работи за ЛДП и за поранешниот претседател Жерновски, на што доби дециден одговор од премиерот дека не е Жерновски бидејќи тој е претседател порано, а по него друг бил. Горан Милевски е човекот кој беше претседател на ЛДП пред Зајкова и на кој посочува премиерот. Милевски не доби министерска фотелја но доби престижно амбасадорско место во Словенија, функција која и сега ја извршува.