Милитантната група Хамас објави ново видео на кое наводно се гледа како милитантите пукаат врз израелските војници во јужниот дел на Газа.
Се додава дека видеото е снимено во Кан Јунис, град во кој последните денови се водат жестоки борби. Скај њуз се уште не може да ја потврди автентичноста на снимката.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, вчера изјави дека десетици милитанти на Хамас им се предале на израелските сили во последните денови, што, како што рече, го покажува „неуспехот на Хамас“.