Колку ново оружје и да набави Украина, сето тоа ќе биде уништено од руската армија, изјави првиот заменик на рускиот амбасадор во Обединетите нации, Дмитриј Полјански.
„Новото оружје на Украина на никаков начин нема да влијае на исполнувањето на целите на Русија во специјалната воена операција. Сакам да ги советувам сите западни земји што поскоро да се запрашаат до каде ќе и помогнат на Украина, ако има се помалку Украинци кои веруваат во украинскиот режим“, рече Пољански.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров уште еднаш посочи дека Соединетите Американски Држави и НАТО се директно вклучени во конфликтот, не само со испраќање оружје, туку и со обука на нивниот персонал во Велика Британија, Германија, Италија и други земји.
Американскиот Конгрес одобри повеќе од 110 милијарди долари за Украина од руската инвазија која започна во февруари 2022 година, но не одобри никакви средства откако републиканците го презедоа Претставничкиот дом од демократите во јануари.
До средината на ноември, американското Министерство за одбрана искористи 97 отсто од 62,3 милијарди долари дополнително финансирање за Украина, а Стејт департментот ги искористи сите 4,7 милијарди долари воена помош за Украина што беа доделени, изјави директорот на Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг.