Македонија

Груевски контра некогашните пленумци, меѓу нив и Гордана Силјановска, се вмешува ли во претседателската трка?

Груевски контра некогашните пленумци, меѓу нив и Гордана Силјановска, се вмешува ли во претседателската трка?

Експремиерот и бегалец во Будимпешта, Никола Груевски, се обидува да ја разбуричка состојбата во ВМРО-ДПМНЕ. Со објава на „Фејсбук“, индиректно го изразува својот став дека е против кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Како почеток на уривање на неговата Влада го посочува токму професорскиот пленум чиј член беше Силјановска-Давкова, која е на една од сликите кои ги објавува Груевски заедно за професорката Билјана Ванкова. Според професорите тие се залагаа за автономија на Универзитетот, а според Груевски, тие тогаш се спротивставија на идејата на Владата за нов Закон за високото образование.

Според тогашниот премиер во Македонија „битката“ била да си универзитетски професор, ама да не мора да пишуваш и објавуваш научни трудови, како и да не се донесе закон со кој професорите на универзитетите ќе бидат обврзани да пишуваат барем по еден научен труд во неколку години кој ќе биде прифатен во „@eb of science.

Пишувајќи за 15-те нобеловци во Унгарија Груевски напиша:
„Некои се горди нобеловци, а други горди пленумци. Секоја чест на оние професори во Македонија кои не припаѓаат на оние кои не сакаат да пишуваат научни трудови од ваков тип, а имаме такви, но поразително е кога човек ќе се присети како се создаде оној професорски пленум во 2014/15 кој ги поттикна студентите на големи протести во 2015 година со цел повлекување на Законот за високо образование со кој професорите добиваа минимална обврска за објава на вакви трудови, која и ако останеше пак ќе бевме последни во Европа по број на научни трудови по глава на професор, но подобри од сега, и во кој се предвидуваше оценките на идните студенти да се верификуваат на државен испит организиран од државата заради намалените критериуми на оценување од стана на многу професори. Ете, во еден сплет на околности, во време кога започнуваше операцијата за рушење на Владата преку безбедносни системи, и потребата целосно да се фокусираме на тоа, нашите професори од пленумот успееја во напорите, и законот се повлече. Но, еве ги резултатите. Македонија е на уште пониско скалило во високото образование од тоа што беше, а други држави со посилно образование и со традиција на научни истражувања, прославуваат нови лауреати, добитници на Нобелова награда.
Светот го движат напред иновациите и науката. Македонија, со чест на исклучоците, таму не е фактор кој се споменува.“, заклучува Груевски.

Силјановска-Давкова еднаш веќе беше кандидат за претседател. Таа е повторно на партиските анкети кои се спроведуваат за кандидат.

Николоски, Милошоски, Силјановска – Во ВМРО-ДПМНЕ многу претенденти, анкети и желби за претседателски кандидат

На почеток