Македонија

(Фото) Штикли добија основци како донација од Агенцијата за одземен имот, директорот Небиу се фали дека ги израдувал

Запленетата облека и обувки од цариниците и полицијата, директорот на Ангецијата за одземен имот, Дритон Небиу, наместо на продажба, ја носи по училишта. Спакувана во црни кеси, таа се донира на ученици. Од ова, Небиу си прави маркетинг. Се снима, дава изјави, си прави спотови. Според објавите досега бил во Брест, Могила, Костурино, Куклиш, Чаир, Куманово. А во донациите – и работи несоодветни за деца.

Па така, основци добиваат и штикли, како и кондури за возрасни.

„Основците многу се смеат со овие чевли. И јас се насмеав…“, стои во коментар на родител чие дете добило обувки од донациите на Агенцијата за одземен имот.

Небиу го снимал и пакувањето на донациите. Дека се пакувале обувки со штикли, се гледа и од нив.

На видеото кое треба да ја испрати пораката „Во услуга на граѓаните“, се гледа и директорот, како пакува, седнат на земја. И токму тој, во црните кеси пакува високи потпетици.

Високите потпетици и алиштата од Агенцијата, завршија кај основците од неколку училишта, за кои, Небиу во повеќе објави посочува дека ги израдувал со донациите.

На почеток