Македонија

Вело Марковски се изнафали себеси за да стигне до претседателската резиденција на Водно

Проф Д-р Вело Марковски: На македонското општество не му треба професор доктор за да го излечи од агонија

Професор доктор Вело Марковски прв објави кандидатура за претседателските избори во 2024 година. За себе вели дека има храброст, мудрост и знаење како да ја постигне целта убеден е дека како Претседател може да се избори за исполнување на политичките, здравствените и економските права на сите граѓани и да ја избегне маргинализацијата од раководствата на најголемите партии..

„Вечната борба на нашиот македонски народ во справување со светските предизвици како што се човекови права, болести, војни, корупција, лажни вести итн., ме мотивираат да се вклучам во оваа трка. Секој патриот си ја сака татковината. И секој граѓанин е патриот. Затоа не може да седиме и да гледаме како Македонија ни тоне во хаос. Како Македонец, како татко на четири деца, како доктор, како професор, но и како успешен граѓанин во повеќе области сметам дека имам одговорност и знаење во оваа претседателска трка да ѝ помогнам на мојата татковина и на мојот народ, сите заедно да направиме подобро место за живеење и творење“, посочува Марковски.

Македонија влезе во политички и економски ќор-сокак поради безидејноста и политичкиот двопартизам на раководствата на најголемите партии, смета тој.

„Претседателот на државата е маргинализиран. На граѓаните им се нуди избор помеѓу лошиот и полошиот. Сега во партиите има кадровска криза. Затоа не можат да излезат со конкретни имиња за Претседател. Тоа ќе го направат непосредно пред изборите за повторно да му ,,подметнат” на народот и луѓето да немаат време да распознаат што е квалитет, а што подметнување. Последен е примерот од локалните избори и циркузијадата што се случува во нашата главна метропола Скопје“, додава тој.

На почеток