Скопје

Напади и тепачки низ Скопје: Малолетник натепан во автобус, групни боксови разменети во Гази Баба, лица завршија и во болница

Неколку тепачки, но и напади врз малолетници се забележани во дневниот билтен на МВР. Малолетник добил ќотек во автобус на ЈСП, се пресметувале среде Гази Баба, а боксови разменети и во казино во Центар.

„На 18.12.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.20 часот во автобус на ЈСП на подрачје на Аеродром, малолетник од Скопје бил физички нападнат од неколку други малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.12.2023 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.М.(27), М.М.(21), С.М.(47) од една страна и А.А.(24) и А.А.(26) од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.12.2023 во 21.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека подрачје на Гази Баба било пронајдено повредено едно лице. Плициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Д.Н.(45) од Скопје, кој пријавил дека бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (19.12.2023) во 02.45 часот во СВР Скопје, И.Н.(27) од Скопје пријавил дека во казино на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.12.2023 во 18.30 часот во СВР Скопје, В.С.(47) од Скопје пријавил дека во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

На почеток