Македонија

Лиле Стефанова избрана во Републичко обвинителство откако сведочеше против Јанева, склучуваше спогодби во важни предмети и беше наречена со погрдни зборови среде судење

Обвинителката Лиле Стефанова е избрана да биде дел од Републичкото обвинителство, односно една од десетте обвинители кои ќе го заменуваат републичкиот обвинител кој ќе го наследи Љубомир Јовески. Стефанова на јавноста и е позната како обвинителка која беше дел од СЈО и гонеше функционери од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа сведочеше против шефицата Катица Јанева, на сред судење беше наречена „ороспија и гомнарка“.

Од случаи кои Стефанова ги водеше, на јавноста и се познати „Титаник“, „Плацеви на Водно“, „Империја“. Во сите три, заедничко е што склучуваше спогодби со обвинети за тие да вратат пари во буџетот, а за возврат да добијат пониски казни. Тоа и се случи. Па така со ниски казни куртулија ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, Мартин Протуѓер кој беше шеф на кабинет на Никола Груевски.

Стефанова досега беше шефица на одделот за гонење на полициски службеници во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

На почеток