Ќе треба да седи во затвор девет години: Груевски одбиен од Врховен за преиспитување на предметот „Плацеви на Водно“
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2-бр.16/23 познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот КВП-КОК2-16/23 познат во јавноста како „Плацеви на Водно“.
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе Пресуда со која барањето на осудениот Н.Г. за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК бр.63/21 од 21.04.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ бр.127/22 од 14.02.2023 година, го одби како неосновано.
Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.