Македонија

На товар на Фондот ќе бидат операциите за кратење на желудникот за екстремна дебелина

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, најави дека оваа година државата ќе покрива повеќе нови методи во државното здравство. Па така, за првпат за пациентите, бесплатна ќе биде и операцијата за намалување на желудникот при зголемена дебелина.

Клековски најави дека ќе има пари и за трансплантациите на црн дроб од жив донор, а Фондот ќе го покрива и стентирањето на периферни крвни садови.

Клековски најави и дека ќе се зголеми опфатот на пациенти со цистична фиброза кои ќе бидат вклучени на оваа животоспасувачка терапија.

,,На Детската клиника сме во преговори возрасната граница на пациенти што добиваат „Трикафта“ да ја спуштиме од 12 на 6 години, односно се прават преговори со единствениот производител „Вертекс“ да се обезбедат попусти и така што поголем број пациенти да добијат Трикафта”, изјави Клековски.

На почеток