Таравари ја разреши директорката на Козле која забрани да ѝ се спомнува името
Министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша решение со кое досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, е разрешена од функцијата, а на нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска.
,,Не давам согласност моето име и презиме и професионалност да биде објавувано по медиуми. Го задржувам правото да ги преземам сите законски мерки за секој обид на манипулација или неовластена употреба на моето име и презиме“, стоеше во нејзината писмена изјава, која предизвика лавина реакции и револт.
Персоналот и колегите остро реагираа на управувањето на Симоновска со болницата кое беше проследено со серија предизвици, меѓу кои најзначајно беше распаѓањето на бронхоскопскиот оддел, како и лошите меѓучовечки односи и несогласувања во институцијата.