Свет

Затворен граничниот премин меѓу САД и Мексико: Вашингтон се грижи за безбедноста на своите вработени

Затворен граничниот премин меѓу САД и Мексико: Вашингтон се грижи за безбедноста на своите вработени

Американското Министерство за домашна безбедност презеде привремена мерка за затворање на граничниот премин Тексас-Мексико за „да се запре големото движење на мигрантите кои пристигнуваат со железница и да се заштити здравјето и безбедноста на својот персонал“, соопшти денеска Белата куќа.

dobivaj vesti na viber

„Ние тесно соработуваме со мексиканската влада во обид да го решиме ова прашање, а во исто време да го зголемиме персоналот во регионот“, се вели во соопштението, според Ројтерс.

Белата куќа, исто така, објави дека продолжува со редовната комуникација со деловните субјекти, со цел да се оцени и ублажи влијанието на овие привремени мерки за затворање.

На почеток