Македонија

Бизнисмен од охридско Велгошти ќе одговара за даночно затајување

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.(34) од с.Велгошти, струшко и правно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

„Во периодот од 01.01.2023 до 15.09.2023, првопријавениот – управител на правното лице не ги пријавувал сите приходи остварени во таа година, односно давал лажни податоци за приходите на правното лице и уплаќал помала сума на парични средства и на тој начин овозможил себеси и на правното лице да се стекне со противправна имотна корист, констатирано при извршена контрола на УЈП“, велат од МВР.

На почеток