(Фото) Сообраќајка на патот кон скопско Волково: едно од возилата освен во „Фолксваген“ удрило и во бетонска ограда
Од
Објавено на
Несреќа се случи вечерва на патот Ново Село кон Волково, близу Шкорпион, во скопската општина Ѓорче Петров. Се судрија две возила, од кои, едното удрило и во бетонска ограда. Едното возило е со гостиварски регистарски ознаки, другото со скопски.
На возилото марка „Фолксваген“ му се отворени и воздушните перничиња, а се гледаат и траги од бочен удар на него. Засега не е познато дали има повредени лица, а причинета е материјална штета.
Жителите алармираат дека на овој правец се вози брзо и дека тоа е можната причина за оваа несреќа.