Мицкоски даде проценки кој колку пратеници ќе освои на изборите: СДСМ ќе има историски најголем пад
Ноемвриските проекции, со 900.000 гласачи кои би излегле на гласање, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има најголем број пратеници во Собранието. Ова го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на брифинг со новинарите. При пресметките, земени се најверојатните сценарија кои би се случиле на изборите. Ова може да се промени, со почетокот на изборната кампања. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, СДСМ има историски најголем пад.
„СДСМ немаат потенцијал за повеќе од 150.000 гласови, заедно со коалицијата. 51 до 54 мандати за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. СДСМ ако оди сам 26 до 29 мандати и ако оди со ДУИ и останатите, ќе дојде до 41 до 43 мандати“, кажа Мицкоски на брифингот со новинари.
Левица и Максим Димитриевски, заедно може да имаат 12 пратеници.
„12 мандата во моментот делат. Алијанса нема да има повеќе од три мандати, ако одат сами. Алијанса може да има 2 во шестка и еден во петка. БЕСА, Алтернатива и Изет Меџити може да имаат до 12 пратеници“, додава Мицкоски на брифингот.
Според него, сѐ што е над 900.000 гласачи, опозицијата ќе дели пола-пола. Тоа значи пола ќе одат во ВМРО-ДПМНЕ и пола кај Максим Димитриевкси и Левица.
„Кај албанскиот блок е интересно, поголема излезеност не им одговара на опозицијата“, посочи Мицковски на брифингот.